Непознати сторители ја оштетиле внатрешноста на црква во долнореканското село Требиште и имало обид да се предизвика пожар во објектот, информираат од полицијата.
Според СВР Тетово, вчера утрото околу 9 часот, Н.Р. (60) од Скопје пријавил дека со употреба на сила било влезено во црквата „Свети Ахилиј Ларински“. Тој забележал дека се причинети повеќе оштетувања, а имало обид да се предизвика пожар во внатрешноста на објектот.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.