Обвинението за 27 април “паѓа во вода” ?!

На последното рочиште за “27-ми април“ сведочеше вештак, според кој доказите кои ги приложила обвинителката Вилма Рускоска пред судот не биле запечатени, односно заштитени од промени, па можно е да се направил фалсификат на истите, пренесува порталот Инфомакс.

Според многумина, ова можно фалсификување на докази е поврзано со четирите различни верзии на сведокот Александар Василевски – Нинџа кои нему му донесоа казна под минималната, а на 15 други луѓе поврзани со настаните од “27-ми април” над 200 години затвор.

Уште во 2018 година изјавите пред судот на тогаш обвинетиот Василевски – Нинџа беа сомнителни. Правниците укажуваа на многу “дупки“ во неговиот исказ. Според нив, особено има влијание и неговиот минат труд, за што сведочи неговото дебело полициско досие, но и начините на кои лесно поминувал во пресудите за делата за кои бил обвинет, пренесува порталот.

Разликите во она што Нинџа го зборува во секоја една прилика се драматични. На пример во еден исказ посочува едно лице дека го повикало на одредена локација, во друг исказ за истиот настан посочува сосема друго лице.

Во една верзија вели дека не слушнал што се зборувало на наводниот состанок во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, на друг исказ Нинџа вели дека детално слушал кој со кого зборува. Во една верзија посочува дека седел отишол „во базата“ во 17 часот, во друга во 18 часот.

Целата статија прочитајте ја на ИНФОМАКС.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.