Нуркачите први ја честитаа Новата година: Подводна елка атракција на дното на Охридското езеро

Охридските нуркачи и годинава кај Заливот на коските во ледената вода на Охридското езеро, ја продолжија 15 години долгата традиција и накитија новогодишна елка и први си честитаа Нова година.

podvodna-jelka-u-ohriskom-jezeru2-foto-uz-odobrenje-ohdrinwvs-com_-620x350-95324

Новогодишната елка која се гледа и од површината на водата, е поставена на длабочина од околу 4 метри. Во нејзиното китење учествуваа членовите на нуркачкиот клуб „Амфора“ и клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија.

Китењето на подводната елка охридските нуркачи и оваа година им го посветија на децата со ретки болести.

podvodna-jelka-u-ohriskom-jezeru6-foto-uz-odobrenje-ohdrinwvs-com_-670x502

Ним им помагаа и најмладите членови на овие нуркачки клубови, а за награда од Дедо Мраз добија подароци и пакетчиња.

podvodna-jelka-u-ohriskom-jezeru3-foto-uz-odobrenje-ohdrinwvs-com_-670x502

Упативме апел за помош и под вода извадивме знаме со поддршка за децата со ретки болести. Ние од клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот клуб „Анфора“ први под вода со шампањско во рака си ја честитавме Новата 2017 година. На сите граѓани им посакуваме многу здраве, успех и подобар живот, рече д-р Горан Балески од клубот за подводни активности „Охрид“.

podvodna-jelka-u-ohriskom-jezeru5-foto-uz-odobrenje-ohdrinwvs-com_-670x502

Новогодишната елка во Охридското езеро стана своевидна туристичка атракција, така што речиси да нема жители и посетители кои престојуваат во древниот град, а не го виделе ова чудо под вода.

Погледнете го видеото




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.