Во стариот дел од сирискиот главен град, Дамаск, на само 2-3 километри од линијата на фронтот, младите Сиријци се однесуваат како таму да нема војна во која животот го изгубија повеќе од 250.000 лица.
Тие танцуваат, пушат наргиле и цигари, пијат пиво и жестоки пијалаци. Младите Сиријци се обидуваат да уживаат во животот и да разговараат за што било, само не за војната.
Имено, заживувањето на историскиот центар во Дамаск е всушност иницијатива да се настојува луѓето барем да се обидат да создадат чувство на нормализација, иако војната и понатаму трае речиси во целата земја.
Младите Сиријци ја прифатиле иницијативата и несвесно му покажаа на светот зошто Сирија е култура чие богатство не се мери само со историските споменици, туку и со луѓето кои живеат во неа и кои не ја напуштиле ниту во најтешките времиња.