Времето кон крајот на денот ќе биде проследено со зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во јужните делови ќе има врнежи од дожд и снег, соопшти УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 °C.
Утре ќе преовладува променливо облачно време, претпладне во јужните делови од земјава со повремени слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од – 11 до 1 степен Целзиусов, а максималната ќе биде во интервалот од – 6 до 3 степени.
Во Скопје слично време. Минималната температура ќе се спушти четири степени под нулата, а дневната максимална ќе биде 0 степени.
Локални врнежи од дожд и снег ќе има и во недела кон крајот на денот, особено во северните делови.
Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.