Ноќеска доаѓа нов снежен бран – се будиме на половина метар снег

Во моментов низ целава земја има врнежи од снег со променлив интензитет, освен во Гевгелија каде се уште врнежите се од дожд со умерен интензитет. Поинтензивни врнежи има во западните делови и Пелагонија. Долж Повардарието и на запад, особено на планините дува умерен ветер од северен правец кој на моменти засилува.

Во вечерните и ноќните часови ќе се задржи облачно време со врнежи од снег со променлив интензитет. Се очекува насекаде да се формира снежна покривка. Поинтензивни врнежи и понатаму ќе има во западните делови каде локално ќе наврнат повеќе од 50 см снег.

До утре наутро на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што локално ќе предизвика создавање на снежни наноси, особено на планините.

Времето утре претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час. Т-мин. од -4 до 2 а дневната нема да се менува односно од -5 до 2 степена. Скопје: Слично со Тмин= -1, а дневна -2 степена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.