Ноќ број два во Бронкс: Синоќа во Прилеп запален автомобилот на раководителот на урбанизам

Фото/илустрација

После автомобилот на директорот на ЈКП “Koмуналец”, автомобилот на вработен во локалната самоуправа и автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, синоќа во Прилеп настрада уште еден автомобил.

Како што дознаваме непознат сторител сега го запалил автомобилот на раководителката на Секторот урбанизам во општина Прилеп, Васе Никоска.

Граѓаните синоќа на социјалните мрежи пишуваа за засилено присуство на полицијата низ градот, но засега не е пронајден сторителот или сторителите на ваквите дела.

Сите овие немили настани се случуваат во помалку од месец дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.