Носител на листа ветува конкретни бројки за спортот во Прилеп

Пишува Никола Трајкоски, носител на советничка листа за Прилеп

ФУДБАЛОТ И СПОРТОТ ВО ПРИЛЕП: ПОЛИТИКИ КОИ ЈА УНИШТИЈА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ!

Во последните години, спортот во Прилеп, а особено фудбалот, доживува драматичен пад во квалитетот и организацијата. Од моментот кога лошите политички одлуки започнаа да доминираат во областа на спортот, Прилеп изгуби сè што имаше: традицијата, талентите и потенцијалот да стане центар на фудбалскиот развој на југозападот на Македонија.

За сите оние кои го следат фудбалот, јасно е дека не е случајно што нашите фудбалски тимови во последните години се на дното на табелата, а нашите млади спортисти го напуштаат градот во потрага по подобри услови и можности. Причината за тоа не е недостигот на талент или љубов кон спортот, туку лошата управа, политичките одлуки и на жалост, неспособноста на одговорните да ги препознаат важноста на вложувањата во инфраструктурата и развојот на младите фудбалски екипи.

Сè ова покажува колку долг имаме кон иднината на младите фудбалери.

Општество кое не вложува во своите млади и спортисти не може да очекува подобри резултати. Политика која ја занемарува важноста на спортот како средство за развој на здрави, образовани и дисциплинирани граѓани е политика која нема да придонесе за напредокот на Прилеп во ниту еден смисол.

ПОВИК ЗА ПРОМЕНИ

Сметаме дека е време спортот да се врати на вистинскиот пат. Потребни се сериозни вложувања во инфраструктурата, обуки на тренери и создавање услови за младите фудбалери да го покажат својот потенцијал. Потребно е одредената моќ на поединци да се отстрани од спортските терени и да им се даде шанса на оние кои навистина се стручни и посветени на оваа област.

Нашиот град заслужува подобро и време е младите спортисти, и сите оние кои сакаат да успеат во спортот, да добијат шанса да го покажат својот талент и можности. Политика која не ги препознава важноста на спортот, која не го гледа фудбалот како средство за изградба на единство и гордост, едноставно не е политика која води кон подобра иднина.

За што јас би се борел доколку влезам во советот:
1.10.000 евра за секој клуб од 4-лига
2.30.000 евра за секој клуб од 3-лига
3.150.000 евра за секој клуб од 2-лига
4.300.000 евра за секој клуб од 1-лига
5.300.000 евра за сите останати спортови!

И доколку имам среќа ако влезам во советот, мнозинството во советот да зависи од мојот глас ЧЕСЕН ЗБОР ДАВАМ ПРЕД ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ, се додека не се исполнат и прифатат овие барања нема да гласам за ништо друго!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.