Под влијание на продор на атмосферски фронт во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурата особено на северот значително ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура утре ќе се движи од 10 до 20 степени, а дневната од 18 до 29 степени. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 23 степени.
Локална нестабилност ќе има и во недела кога минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 24 до 32 степени. Од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.
Вo понеделник дневните температури ќе се движат од 27 до 33 степени, во вторник од 28 до 34 степени, а во среда од 30 до 37 степени.