Еврокомесарот Јоханес Хан задолжен за проширувачка политика на Европскат Унија денес одржа конференција за новинари, на која одговараше на прашањата на новинарите поврзани со активностите на ЕУ во нивните земји
Според Јоханес Хан, кој за целото време не сакаше да го спомене името на земјава, СЈО е неопходна институција за нормализирање на политичката ситуација во која се наоѓа земјата, без разлика на тоа што граѓаните немаат доверба во институцијата, поради непотизмот и пристрасноста на Јанева до опозициската партија.
– Според вашите зборови, и она што е стипулирано во извештајот за Македонија, барате широка поддршка за СЈО, но според последните независни истражувања на јавното мислење дури 65% од граѓаните не веруваат дека таа е независна. Дури 90% од вработените во СЈО се високо рангирани членови на комунистичката Социјалдемократска партија. Таа исто така поднесе неколку обвиненија кои се комплетно неосновани за што дури и студентите од Правниот факултет и се смеат. Затоа, како можете да очекувате од општеството, од политичките партии да ја поддржат? – гласеше прашањето на дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ.
– Јас не сум судија и затоа не сакам да судам за работата на адвокатите – одговори еврокомесарот Хан и додаде – Таа мора да ја работи нејзината работа, да ги презентира нејзините резултати пред судот, а потоа тој да одлучи. Мислам дека сите се однесуваат во потполно одговорен и професнионален манир. Дефинитивно не е лесна ситуацијата во земјата, за некои клучни луѓе во земјата, но мислам дека ова е неопходен елемент за натамошна нормализација во земјата – изјави Хан.
– Затоа во таа смисла, се надевам дека сите се свесни за својата одговорност ги преземаат неопходните мерки и ја почитуваат меѓусебната работа. – рече Хан.
Извор: “Инфомакс”