Ракометниот клуб Филип-Вардар го одржа својот новогодишен коктел и со желби за уште поголеми успеси, младите ракометари и ракометарки влегуваат во новата 2020 година.
РК Филип – Вардар е најголема ракометна школа во Прилеп, каде постојано се вложува во талентот на младите и постојано се работи на унапредување на нивните знаења и вештини.
Во 2017 година клубот стана шампион во машка и во женска категорија во генерацијата 2000/01.
Пораката до сите млади и на крајот од оваа година е следна: “Биди со најдобрите, тренирај кај најдобрите”.