Во центарот на Прилеп се појави “NO NAME”, локал за опуштање, релаксација, место за кафе дружење и забава.
Прилепчани добија интересен спој на можности на едно место, што одлично ќе му годи на секој после напорниот ден на работа и ќе претставува вистинско место-терапија за бистрење глава и средување мисли.
Одличниот амбиент и прекрасната внатрешна уреденост, надополнети со културна услуга, но и ниските цени, се вистински магнет.
[Best_Wordpress_Gallery id=”406″ gal_title=”NoName1″]
Покрај кафе дружење, локалот располага со повеќе Плејстејшени и пикада, што секако се мотив плус да поменете одлично, забавно време.
Тројцата млади сопственици, тука ја вложија целата своја иновативност, енергија, но и претходно искуство, се со цел да обезбедат топлина и пријатна енергија во својот втор дом.
“No Name” е број еден локација за студените зимски денови, а за сончевите денови, тука е летната бавча која е вистинско скриено катче за мирно уживање во центарот на Прилеп.
[Best_Wordpress_Gallery id=”407″ gal_title=”1212″]
“No Name” се наоѓа позади бизнис центарот во Прилеп, или веднаш одспротива на клуб “Калипсо”.
На сопствениците им посакуваме среќа и убави, успешни денови пред нив!