Согласно програмата за комунално уредување на општина Прилеп и средствата обезбедени од Буџетот на општината продолжува активното осветлување на градот и населените места со енергетски ефикасни светилки. Моментно, 90% од градот, вклучувајќи ги тука и населените места, имаат јавно осветлување, со што го прават Прилеп еден од ретките најосветлени градови во РМ.
Поставување на јавното осветлување на крак на ул. „Александар Македонски“, кој е со должина од 150 метри преставува многу важно за жителите кои живеат на овој дел од градот .
Токму по нивно барање, локалната самоуправа, одделението за јавно осветлување, постави 5 столба со модерни енергетски ефикасни светилки чија инвестиција е вредна 200. 000 денари, а исто така во овој дел од градот поставени се и 10 столба со модерни енергетски ефикасни светилки крак на соседната улица ,,Цане Кузманоски,, во должина од 270 метри. Ова инвестиција чини 350. 000 денари, посочи градоначалникот Марјан Ристески, при посета на активностите за поставување на улични светилки во градот.
Согласно програмата за комунално уредување на општина Прилеп и средствата обезбедени од буџетот на општината продолжува активното осветлување на градот и населените места со енергетски ефикасни светилки. Оваа година акцент во програмата за осветлување е ставен на периферните места.