Со сопствени приходи се реновираат ѕидовите во ходникот на првиот кат во централното училиште О.О.У “Блаже Конески” – Прилеп. Врз фасадната цигла се поставува гипс картон, се глетова и молерисува со благо тонирана боја, заради подобрување на здравствените, хигиенските, техничките и естетските услови во училиштето, по најновите стандарди за сите 935 ученици и 84 вработени.
Висината на сопствените приходи изнесува 235.000 денари.
Во понатамошниот период се планираат да се реализираат уште проекти, а во моментот има 5 нови готови предлог проекти кои чекаат на идна реализација.