Ново поевтинување: Од полноќ горивата со најниски цени во последните неколку години

Поевтинуваат и бензините и дизелот, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика. Според последната одлука, Еуросупер 95 поевтинува за половина денар и сега ќе се точи за 74денари литар.

За 2 денари по литар поевтинува Еуросупер 98 и неговата нова цена е 76,5 денари. Дизелот од полноќ ќе биде поевтин за 1 денар по литар и ќе се точи по 68,5 денари.

Ова е најниска цена на горивата во последните неколку години. Последен пат дизелот под 68,5 денари се продавал во мај лани, а бензинот немал пониска цена во последните повеќе од 2 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.