Ново поевтинување на бензините

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечер на полноќ повторно да се намалат цените на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметки на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 3.42%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 2.00 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 62.00 односно 64.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари, со што еден литар дизел гориво ќе чини 54.50 денари.

Новите цени ќе важат една седмица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.