Една од првите работи кои ги учиме на часовите по биологија е тоа дека човечкиот организам има органи без функција како што се: слепото црево, умник – кои во еволуцијата престанале да ни бидат од корист, бидеќи сме се прилагодиле на новиот начин на живот.
Меѓутоа, американски научници неодамна потврдија дека слепото црево не е бескорисно. Слепото црево е многу повеќе од “темпирана бомба” во организмот.
Новото истражување покажа дека слепото црево служи за вршење многу важни биолошки функции. Тоа помага да се држи под контрола имунолошкиот систем. Неговата функционалност ги збунила научниците.
Истражувањето чии резултати беа објавени претходната седмица, покажува дека слепото црево нема никаква врска со варењето, туку е секундарен имунолошки орган, односно “складиште” за цревните бактерии.
Ф.Г.