Надвор од гужвата во центарот на градот, во просторот на поранешно “Жито Прилеп”, веднаш до Градската болница, Прилеп неодмана го доби Box Café , eдно пријатно катче за опуштање, релаксација и место за кафе дружење.
Прекрасно уредениот амбиент и двете летни бавчи, веќе се број еден дестинација за голем број прилепчани, а пред се млади луѓе. За повозрасните ова е одлично место за бистрење глава и средување мисли после напорниот ден на работа, а за младите катче за дружење, разладување и помин на драгоцено време со своите најблиски.
Цените се прифатливи за сечиј џеб, а гостите покрај во разно-разни пијалоци можат да се засладат и со чизкејк, трилече, крофни, кроасани… Во менито ќе најдете одлични пакети со кафе, лимонада, боровница… што ви душа сака.
ВИДЕО BY: Давид Ристески
Box Café не е само уште едно обично место за пиење кафе, туку е локал каде е вложен голем труд и љубов, а со цел да се задоволат потребите на прилепчани, дури и на оние најпребирливите. Сопствениците се вложија себе си да обезбедат пријатна енергија и топол амбиент во својот втор дом.
За пофалба е културната услуга. Ќе ве послужат млади луѓе со насмевка и внимание, се со цел да се чувствувате што попријатно.
Затоа не чекајте! Дојдете заедно да ги проследиме полуфиналните дуели на Европското првенство во фудбал, да навиваме за нашите фаворити и да наздравиме за победите.
Box Café ве очекува! Уживајте во летото!