Ново апсење во Прилеп за поседување пиротехнички средства: Овојпат кај прилепчанец пронајдени 2472 парчиња (ФОТО)

Денеска (27.12.2023), од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп при претрес во дом и други простории во Прилеп и на тезга во Градски пазар во Прилеп, во сопственост на А.Б.(47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 2472 парчиња пиротехнички средства.

Заради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.