Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на овие простори, Здравко Чолиќ, го објави новиот спот за песната “Тебе те чувам за крај”, кој го посвети на својата сопруга Александра. А за тоа да им биде на сите јасно, во видеото се појавува токму таа.
Спотот е сниман во Лисабон, а Чола објаснува зошто ја одбрал токму таа локација.
“Имав идеја спотот да се снима во Лисабон поради музиката. Жанрот на песната е таков, како полубразилски и конечниот избор падна на Лисабон”, открива пејачот, кој во спотот има улога на фотограф кој лутајќи по романтичните улици на португалската престолнина и преубавата обала на Атланскиот океан, прави колаж од различни фотографии, а потоа ги склопува во мозаик.
На крајот од спотот публиката има шанса да ја види конечната слика, т.е. лицето на жената која тој ја чува за крај – Александра Чолиќ. Токму со неа Чолиќ е во брак веќе 17 години, а таа е мајка на неговите две ќерки, Уна и Лара.
Погледнете: