Израел и Турција постигнаа договор за нормализирање на односите, изјавил за израелските медиуми неименуван претставник на земјата, кој заедно со премиерот Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во посета на Рим, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека официјално потврдување на нормализирањето на односите помеѓу овие две земји се очекува во понеделник, после три недели преговори кои ги иницирале Соединетите Американски Држави.
Целта на преговорите била да се стави точка на раколот кој настанал кога Воената израелска морнарица убила десет турски про- палестински активисти, кои сакале со брод да ја пробијат блокадата во Појасот Газа во 2010 година.
Ројтерс наведува дека турското Министерство за внатрешни работи немало коментар на изјавата на израелскиот претставник.
Претставниците на двете земји неколку месеци порано веќе најавуваа нормализирање на односите, кои освен на заедничките интереси во регионот за симнување на Башар ал Асад од власт во Сирија, блиската соработка со Саудиска Арабија и ривалитетот со Иран, ќе се однесуваат и на проекти во енергетиката, пред се во енергетската независност од Русија.
А.Г.