Новиот состав на Советот на општина Прилеп започна со работа – Формирани комисиите

Новиот состав на Советот на општина Прилеп денеска ја одржа втората седница, каде советниците со мнозинство гласови го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на член на Советот на Општина Прилеп, Катерина Пузеска.

Потоа, беа усвоени и предлог-решенијата за формирање на комисиите потребни за функционирањето на Советот на Општина Прилеп.

Советниците со мнозинство гласови ги усвоија предлог-решенијата за формирање на следниве комисии:

– Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници
– Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
– Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
– Комисија за општествени дејности и правата на децата
– Комисија за статут и прописи
– Комисија за елементарни непогоди
– Комисија за месна самоуправа
– Комисија за родова еднаквост
– Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандатниот период 2025–2029 година

Исто така, Советот ја задолжи Комисијата за статут и прописи да изготви пречистен текст на Статутот на Општина Прилеп и именува членови на
Советот кои ќе учествуваат при склучување на бракови во УВМК-ПК Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.