Концернот „Калашњиков“ го направи новиот автомат АК-308, со калибар 7,62 милиметри.
Моделот е веќе спремен за тестирарање, се наведува на сајтот „Калашњиков медија“. „Оружјето е направено врз база на автоматот АК-103, со елементи од автоматот АК-12. Во тек се подготовки за прелиминарни тестирања на оружјето“, се наведува во соопштението.
"Калашников" разработал новый автомат АК-308 https://t.co/8baJ5owUtB pic.twitter.com/eWhsWO9vzr
— РИА Новости (@rianru) August 20, 2018
Автоматот користи муниција со калибар 7,62 милиметри. Во шаржерот собира 20 куршуми. Оружјето е тешко со празен шаржер 4,3 килограми. АК-308 има оптички нишан.