Нов шумски пожар во атарот на селата Ропотово и Рилево.
Екипите од ТППЕ Прилеп се на терен и се обидуваат да го спречат да се прошири на поголема површина.
Како што дознаваме загрозен бил и локалниот манастир кој се наоѓа во атарот на тие села.
Се замолуваат граѓаните да престанат да ги палат ѓубриштата, стрништата и тревите во нивите, затоа што многу често се случува таквите пожари да завршат со материјални штети.