Бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари за литар, додека цената на „еуросуперот-98“ ќе изнесува 76 денари за литар.
Цената на дизелот се намалува на 67,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 67 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,143 денари килограм и ќе изнесува 38,643 денари.