Нови советници се откажуваат од хонорарите, социјалдемократските со по две плати?

Д-р Кире Јоноски, ортопед во прилепската болница кој се наоѓа на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, пред два дена на својот Фејсбук профил напиша дека работата во Советот ќе ја извршува доброволно, а надоместокот ќе го донира во хуманитарни цели.

Неговиот потег наиде на огромна поддршка и пофалби од граѓаните, а како што дознаваме уште две имиња од истата советничка листа исто така ќе се откажат од советничките хонорари.

Од друга страна ваква солидарност се уште нема од спротивниот табор на владеачката СДСМ, каде се чини дека добро ќе им дојде уште една минимална плата на месечно ниво.

Бидејќи во најголем број се работи за луѓе кои имаат постојани работни места во јавната и државната администрација, добро би било потегот на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ да го следат што повеќе од идните советници.

Македонија е во тешка криза, а овие хонорари добро ќе им дојдат на некои социјални семејства, или други ранливи групи на граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.