НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИСЕЛУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе се полага тест за познавање на јазик, а потоа ќе треба да се исполни условот на старосна граница

Проверка на знаењето на германски јазик и воведување на старосна граница за рабтниците од Западен Балкан. Германските медиуми пренесуваат дека овој Закон за емиграција ќе започне да се примениува од 1 март 2020 година, пишува српски Курир.

Како што пишува порталот, знаењето на германскиот јазик на луѓето од Западен Балкан кои одат да работат во Германија, ќе мора да биде на високо ниво, што не беше случај претходно.

Исто така, ќе постои старосна граница која претходно ја немаше. Меѓутоа, сеуште не е прецизирана старосната граница која ќе биде определена за работниците од Западен Балкан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.