ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ доби нови подови. Извршена е замена на стариот паркетен под со нов под од линолеум со висококвалитетни својства. Вредноста на оваа инвестиција чини два милиони денари средства обезбедени од Локалната самоуправа.
Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ и посочи дека Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да инвестира во образованието. Според директорот на училиштето Никола Кузески проектот се одвивал во две фази и тоа во првата фаза бил опфатен вториот спрат од училиштето, а во втората фаза е приземјето. Во ова основно училиште досега е инвестирано во: реновирање на покривот, обновена е дограмата, поставена е громобранска заштита, санација на дел од санитариите, уреден е дворот, фасадата и единствено ова прилепско училиште има амфитеатрални училници за настава на отворено. Наскоро како нов и капитален проект градоначалникот Марјан Ристески најави дека со пари од Министерството за образование и преку владиниот проект ќе се гради спортска сала и ќе се воведе централно греење.