Нови победи за прилепските економисти на Образовното рандеву “МАССУМ 2017” во Скопје

18155671_1280143632035626_1799922347_n

Се слушна името на нашето Економското училиште во Скопје. Оваа година на 21 и 22 Април, „МАССУМ“ – образовното рандеву се организираше во Скопје. Традиција стана  економистите од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп секоја година од овој натпревар да се враќаат со полни раце награди; фер, квалитетно и со правилно  вложен труд добиени. И оваа година учениците тргнаа добро подготвени на овој натпревар, што е и видливо од постигнатите резултати и учествуваа во многу категории. Овој пат се вратија со 6 освоени места – со 6 медали во рацете  и тоа: едно -прво место, три- втори места и две -трети места.

Прво место беше освоено во категоријата: Маркетинг план.

Вторите места беа освоени во категориите: Кариерно портфолио, Интервју за работа на македонски јазик и Најдобар штанд.

Третите места се освоени во категориите: Модна ревија и Драмска претстава

18136555_1280143638702292_1102161677_n

Честитки до менторите и учениците за освоените места и им посакуваме на новите генерации на Економското училиште ова да им биде мотив и понатаму да освојуваат награди на вакви и слични натпревари. Се надеваме дека во блиска иднина и ние прилепчани ќе бидеме домаќини на овој натпревар.

Новинарска секција при СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу” – Прилеп

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.