Во саботата на 01.04 .2017 година иако беше ден на шегата, за учениците од гимназијата “Мирче Ацев” беше сериозен ден за реализирање на регионалниот натпревар по географија. Па така во просториите на ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп се одржа регионалниот натпревар за основните и средните училишта на кој зедоа учество учениците од општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени.
Учениците од гимназијата победнички застанаа на врвот.
– Христијан Стомнароски со освоени 97 поени го освои првото место,
– Ана Димоска со освоени 95 поени го освои второто место,
– Галена Аризанкоска со освоени 92 поени го освои третото место
Ментор на Христијан и Ана им е професорката по географија Виолета Проскоска Велкоска, а на Галена ментор и е професорот по географија Владо Чакароски.
Со овој успех учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп и оваа година се пласираа на државниот натпревар кој ќе се одржи на 05.05.2017 во Скопје.