Важни три бода за ЖРК Прилеп од гостувањето во Гевгелија. Иако екипата одново беше опструирана од судиите, што беше случај и минатиот викенд на гостувањето во Битола кај Пелистер, нашите девојки го добија и овој меч со резултат 18:20 (9:11 на полувремето). Досудените 11 пенали за Гевгелија, наспроти 2 за прилепчанки, не беа доволни за да ги изненадат борбените и посветени ракометарки на ЖРК Прилеп.
Нашата екипа водеше за време на целиот меч, но судиските одлуки не дозволија да се одлепат за повеќе од 2 гола.
Во екипата одново заигра Ивана Ѓорѓиоска која се врати од редовите на Пелистер, а не настапи Софија Аџулеска.
Наредниот викенд девојките се слободни од првенствени натпревари, но ќе одиграат пријателски меч против екипата на Аминдио од Грција во сабота на домашен терен.