Новата верзија на Peugeot 2008 за 2016 година, освежен и обновен

55077509856c57d6955c45170104038_v4_big

Од појавата на моделот 2008, поминаа 3 години и дојде време за првиот редизајн.

Стилските промени во споредба со верзијата од 2013 година се минимални. Дизајнерите ги преобликувале предната маска и во нејзината средина го сместиле амблемот на брендот.

Автомобилот доби нова додатна заштита на долните изложени делови на каросеријата.

4920086956c57d68c8b2e832526917_v4_big

Освежениот Пежо 2008 ќе биде достапен во 5 бензин и 6 дизел варијанти. Сите бензин мотори се троцилиндарски, со зафатнина од 1.2 литри. Потрошувачката на бензин верзијата е 4,4 литри/100км.

За дизел опцијата одбрани се 1.6 литарски мотори, кои се стандардно поврзани со петтостепениот мануелен мењач. На овој модел потрошувачката му е 3,6 литри/100км.

60423508156c57d6938a91255299566_v4_big

Пежо 2008 за 2016, опремен е со систем за автоматско кочење при возење во град со мала брзина, доколку процени дека ударот во друг автомобил е неизбежен

119432167256c57d69755c4686045960_v4_big

Рестилизираниот Пежо 2008 својата премиера ќе ја има на саем во Женева на први март, а во продажба се очекува во првата половина на годината.

Александар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.