Еврпратеникот Адреј Ковачев се приклучи кон провокативнитѕе коментари код страна на одредени бугарски политичари кои го оспоруваат постоењето на македонската нација пред Втората светска војна – oбјави “Експрес.мк”.
„Македонија треба да биде во НАТО! Треба да се почитува и договорот со Бугарија!
Историските извори од минатите епохи уникатно докажуваат дека од стотици години до 1944 година во географската област Македонија бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределуваат како бугари!
Цар Самоил е бугарскиот крал на бугарското царство!
Григор Парличев е Бугарин!
Нема простор за маневрирање, компромис или какво било друго свртување! Сегашното самоопределување како етнички Македонци на дел од граѓаните на Република Македонија е исто така факт кој треба да биде почитува, но не може да се дозволи подбивање со нашите предц“, напиша европратеникот на својот Фејсбук профил.