Во Македонија денеска ќе се изврши корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, а доколку нема некои посериозни ценовни шокови, за очекување е горивата да поевтинат.
Со последната промена пред две недели, бензините поевтинија за 4 денари, а дизелот за 3,5 денари.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 63, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 65 а Дизелот за 61 денар по литар.
Кои ќе бидат новите цени Регулаторна ќе соопшти денеска напаладне.