Бензините и дизел горивата со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика поскапеа за два денара по литар.
Со одлуката се изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,01, односно за 4,46 отсто.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 42 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 2,076 денари по килограм се зголемуви и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,109 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочија за 5,83 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,1 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Останува да видиме каква ќе биде новата одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика и дали ќе возиме уште поскап бензин.