Нова странска инвестиција во Битола: „Брејн-чајлд“ отвора 100 нови работни места и ова е само почеток, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Македонија ќе биде домаќин на нова странска инвестиција вредна околу 8,5 милиони евра. Компанијата „Брејн-чајлд“, специјализирана за производство на опрема за спортови на вода и ветер, ќе ги отвори своите производствени капацитети во индустриската зона Жабени во Битола, каде се очекува да вработи околу 100 лица.

„Брејн-чајлд“ започнува изградба на производствен капацитет

Мицкоски потврди дека договорот за инвестицијата е веќе завршен, и компанијата „Брејн-чајлд“ веќе го купи земјиштето во индустриската зона. Изградбата на првата хала од 3.000 метри квадратни ќе започне наскоро, што ќе биде првиот чекор кон отворање на новите работни места.

„Оваа инвестиција е само почеток, а до крајот на годината очекувам уште неколку странски компании да започнат со работа во земјава,“ изјави Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.