Нова ставка во сметките за струја: Ќе се плаќа од 3-4 евра плус за “Пристап до мрежа”?

Во тек е подготовка на нови ставка во сметките за струја, таканаречена “Пристап до мрежа“, која ќе биде покрај постојната за мрежарина, открива првиот човек на Регулатрна (РКЕ) Марко Бислоимовски, за „Независен“.

Бислимовски уверува дека тоа нема да ги зголеми сметките, или тоа ќе биде незначително, но истовремено ќе придонесе да се направи правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата, од другите кои тоа го прават повремено, како во викендичките, или пак поради тоа што користат сопствено производство на струја од фотоволтаици.

„Просечната цена за мрежарина останува иста.

Овој пристап кон мрежа кај домаќинствата ќе биде минимален, три-четири евра и тој ќе се плаќа месечно, вели првиот човек на РКЕ.

Никој нема да биде оштетен, само правиме поправична распределба. Јас имам викендичка во Галичник, кога ќе отидам вклучувам и имам струја. Во годината трошам 400 киловат-часови. Но, не учествувам со ништо за одржувањето во текот на годината. Со минимален пристап кон мрежа, како трошок, ќе имаме правична распределба и јас ќе учествувам заедно со домаќинствата кои што плаќаат редовно. За сметка на тоа, за да не се разбере погрешно, ќе се намали трошокот за мрежарина.

Значи тие активно што користат ќе имаат бенефит од тоа“, вели Бислимовски во интервју за Независен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.