Нова реколта исти маки: Тyтyнapите paзочapaни од стартот на откyпот (Видео)

Стартот на годинашната тутунска откупната кампања, разочарувачки. По само една недела од почетокот, македонските тутунопроизводители, се’ поуплашени дека и годинава ќе ги снајде ланската судбина. Ова, и покрај убедувањата дека со новиот Правилник за проценка и формирање на откупните цени, донесен пред еден месец, а кој од Сојузот на земјоделски здруженија го нарекоа „историски“, тутунската мака ќе биде вреднува согласно високиот годинашен квалитет на родот – oбјави “АЛФА ТВ”

„Она што не’ убедуваше Сојузот дека тутунот ќе се цени во три класи, на терен не се покажа. Тутунот се цени претежно во дополнителна прва класа и во трета класа и мал дел во втора класа.Тутунарите се повторно разочарани, со оглед на квалитетот кој го имаат во оваа реколта, не се задоволни од годинашната проценка на тутунот“, – вели Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

Соочени со застрашувачката откупна неизвесност, а поучени од ланските лоши искуства, кога цените беа катастрофално ниски, а околу еден тон од родот остана по амбарите, тутунопроизводителите од пелагониско, годинава побараа и максимално заземање на сите градоначалници од овој регион, со делување преку пред неколку дена формираното заедничко тело за Развој на Пелагонсискиот регион.

„Во ова тело, градоначалниците се од различни политички партии, меѓутоа, тоа е плус да можат сите да се обединат околу тутнската мака на своите граѓани и да бараат од институциите веднаш да реагираат за да не се дозволи повторно да се изврши грабеж врз тутунарите како минатата реколта“, – појаснува Мирчески.

Доколку пак, и овој пат бидат изигнорирани овие нивни барања и откупот продолжи со истиот тренд, тутунарите се закануваат со многу порадикални протрести во споредба со ланските.

„Ние немаме Влада која што со полн капацитет може да ги решава проблемите. Големите партии се зфатени со конгресите. Единствена шанса што ни преостанува е да апелираме до Инсекторатот за земјоделие и до овие градоначалници кои што се во овие општини. Не сакаме да одиме на протести, не ни е тоа целта, меѓутоа ако тоа не се случи ако некој од институциите да реагира во наша заштита, ние навистина немаме друг избор“, – укажува Мирчески.

Инаку, годинашниот род се очекува да тежи околу 19 милиони килограми квалитетен тутун и според тутунарите на пазарот ќе се јави кусок од околу 2 милиони килограми што било причина повеќе откупните цени да бидат значително повисоки од ланските.

Каролина Дурло




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.