Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвинува Европската комисија за кризата во Европската унија и ги повикува државите членки да ги повлечат овластувањата од рацете на Брисел.
Орбан, во текстот кој во целина ќе биде објавен во германскиот весник “Frankfurter Algemajne Cajtung“ во понеделник, повикува да се стави точка на “идеализирањето на европскиот проект” и укажува на излегувањето на Велика Британија од ЕУ како доказ на пропустите на Европската комисија.
Унгарскиот премиер во текстот вели дека кризата во ЕУ настанала поради отварањето на границите и прекумерните трошоци на некои држави членки, со премолчно одобрување на Комисијата, за која тврди дека требало да го спречи и едното и другото.
Двете најголеми европски достигнувања, заедничката валута и единствениот пазар кој е заштитен со Шенген зоната, се наоѓаат во опасност, предупредува Орбан и додава дека лично помогнал во спасувањето на Европа и начинот на живот на својот народ, со тоа што ги затворил границите на Унгарија за мигрантите.
Орбан предизвика бес кај претседателот на Европската комисија Жан – Клод Јункер, кога одби да го прифати неговиот предлог за системот на квоти за населување на мигранти кои пристугнуваат во Европа, подсетува француската агенција, додавајќи дека Орбан е најгласен источноевропски противник на муслиманските мигранти.
А.Г.