Нов шок за пушачите: Големо зголемување на цената на омилените брендови на цигари

Пушачите во Македонија од понеделникот плаќаат повеќе за омилените брендови цигари. Компанијата „Империјал Тобако“ донесе одлука за зголемување на цените на својот асортиман за 10 денари по кутија.

Поскапувањето ги опфаќа најпродаваните брендови на пазарот:

-Родео
-Бос
-Вест
-Давидоф
-Жаде

Ова покачување е резултат на редовното усогласување со државната акцизна политика. Според законските измени, акцизите за тутунските производи ќе продолжат постепено да растат секоја година до 2030 година. Конкретно, предвидено е секој 1-ви јануари акцизата да се зголемува за 0,23 денари по парче цигара.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.