Нов ШОК за Демократите: Трамп го покани Путин во Вашингтон!

Американскиот претседател Доналд Трамп го покани својот руски колега да го посети Вашингтон оваа есен, а патувањето веќе било разговарано, соопштија од Белата Куќа.

Трамп му рекол на својот советник Џон Болтон да го покани претседателот Путин во Вашингтон, стои во соопштението кое го пренесе секретарката на Белата Куќа, Сара Сандерс. “Разговорите се во тек”, вели таа.

Трамп и Путин во понеделникот се сретнаа на самит во Хелсинки, што е нивни прв самит откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година. Американскиот претседател потоа наиде на лавина реакции на домашна сцена од страна на опозицијата, од каде беше обвинет дека за време на изборите во 2016 соработувал со Русија.

Вчера Трамп напиша на Твитер дека ја чека втората средба со Путин, на која ќе можат да започнат со имплементација на она што претходно го дискутирале, вклучувајќи запирање на тероризмот, безбедноста на Израел, нуклеарното разоружување, сајбер нападите, трговијата, Украина, мирот на Средниот Исток, Северна Кореја….”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.