Нов телефонски број во општина Прилеп за пријавување проблеми на граѓаните

За ефикасно и брзо делување Општина Прилеп воведува нов телефонски број на кој што граѓаните можат да ги пријавуваат сите настанати дефекти и проблеми со кои што се соочуваат на територијата на општина Прилеп – информираат од општината.

Исто така повторно во функција е алатката на веб страната ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ на следниов линк:
https://www.prilep.gov.mk/prijaviproblem/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR2mAMKaFxT6gscZPJQ_EoFt3vmqiFFacgV6_uj1qCF8n-MBMlkcfZ5XoHI_aem_ndOMfYn18DGVLn-Og5i22g

Досега функционираше пријавувањето на дефекти во приемното одделение и на посебни телефони за секој дефект, а ова се само дополнителни и поедноставни можности на еден телефонски број или со неколку клика на веб страната да се пријави се што претставува проблем за нашите сограѓани.

Граѓаните своите поплаки ќе можат да ги проследат до општината секој работен ден од 09-15 часот на телефонскиот број 075/385-705.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.