По вклучувањето на каратето во олимпиското семејство како рамноправен олимписки спорт, на првиот меѓународен настан Карате 1 Премиер Лига Истамбул 2016, настапија и македонските сениори кои се бореа за исполнување на норма за настап на Светското првенство во Линз. На овај настан настапуваат најдобрите каратисти сениори во светот, а македонскиот тим освои еден сребрен и еден бронзен медал.
Македонскиот ката тим во состав близначките Мишела и Маријана Димоски и Пуликсенија Јованоска, се пласира во финалето и освои сребрен медал. Тие беа поразени од страна на турскиот национален ката-тим кој е носител на бронза од Европското првенство во Монпелје.
Со оваа победа турчинките се реваншираа на македонскиот ката тим за минатогодишниот пораз во финалето кога македонските девојки освоија злато.
Во поединечна конкуренција сите три девојки од тимот остварија победи во првите две кола,со што сите три остварија норма од пет мегународни победи за настап на СП.
Забележителни се победите на Мишела Димоска на која и фалеа две победи за норма за СП Линз,која иако имаше најтешки противници успеа да извојува две победи над многу силни конкурентки. Во првото коло Мишела ја победи девојката од турскиот тим Кусмус Рабиа носителка на повеќе европски и светски медали а во второ коло ја победи белорусинката Светлана Јермекова која е носител на европски сениорски бронзен медал.
Покрај трите девојки од тимот настапи и младата Киријана Камческа на која ова и беше прв настап во сениорска категорија и извојува една победа во прво коло.
Во борби бронзен медал освои Петар Спасеноски кој со сребрениот медал од тимот се единствените медали за македонските репрезентативци од ова силно натпреварување