Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заедно со градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Совет Никола Димески, денеска ги посетија ОУ „Кире Гавриловски – Јане“, каде е поставен нов систем за греење и новоизграденото подрачно основно училиште „Круме Волнароски“ во село Галичани.
Монтажното училиште е според сите стандарди за образование. Со изградбата на училишната зграда децата добија современи услови за настава. Имаат училница, санитарни јазли, простор за наставниците и можат да користат компјутери како и нивните врсници.
Понатаму се планира да се уреди и дворот, како и да се изгради спортско игралиште.
Освен во Галичани монтажни училишта има и во населените места: Чепигово и во н.м Беровци.