Нови 127 случаи на зapaзени со кopoнавиpycoт, тројца починати и седум оздравени. Вкупната бројка на дијагностицирани е 3152, а досега починаа 156 лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти, во: Скопје-4, Тетово-2, Гостивар-1. Починати се 3 лица.
Вкупната бројка на Koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.
Ова е нов рекорден број на новозapaзени ако се земе во предвид бројот на тестирани и бројот на позитивни случаи.
Останува прашањето, кој ќе сноси одговорност за оваа состојба и дали владините функционери сеуште ќе не убедуваат дека се е под контрола и дека на државата во овој момент најпотребни и се избори?