Продолжува трендот на зголемување на пензиите во Македонија. И оваа година во Буџетот на државата предвидени се нови 5% раст, па така во декември 300 000 граѓани ќе добијат по околу 600 денари плус на ноемвриската пензија.
Во изминатите 10 години пензиите се во постојан раст, па просечната пензија е сега за 70% повисока отколку во 2006 година, додека пак најниската пензија порасна за 80%.
Со завршувањето на политичката криза во државата, очекувањата се дека ќе зголемат инвестициите и новите работни места, а тоа ќе донесе зголемување на животниот стандард на граѓаните и подобрување на состојбата на приватниот сектор.
Во претходните 10 години растеше и просечната плата, која порасна за 150 евра од 2006 година и сега изнесува 22 460 денари.