НОВ ПРЕРАБОТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

krivogastani1

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски денес официјално го потпиша одобрението за градба на нов преработувачки капацитет во општината кој ќе биде лоциран во индустриската зона Славеј. Инвестицијата е во изградба на нов капацитет за преработка на земјоделски производи од кој населението на општината и самата општина ќе имаат бројни бенефити со зголемување на бројот на нови работни места а индиректно ќе се подобри пласманот на земјоделското производство во општината. Досега ова е втора ваква инвестиција во индустриската зона Славеј каде што веќе една успешно функционира години наназад. Се надеваме дека ова ќе биде уште една успешна приказна како за самиот инвеститор така и за општина Кривогаштани.

Општината во моментов работи на привлекување на уште неколку инвестиции кои се заинтересирани да инвестираат во капацитети за производство и обработка на месо и млечни производи како и инвестиции во производство на пченка за што во близината на индустриската зона е лоцирана обработлива земјоделска површина од 500 ха со извршени анализи за квалитетот на земјиштето со што се докажа дека истата може да има успешно производство на повеќе земјоделски култури.

krivogastani2 krivogastani3




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.