Владата на денешната седница донесе неколку одлуки со кои се намалуваат рестрикциите за движење.
Од утре, четврток, движењето на граѓаните од понеделник до петок ќе биде дозволено од 05:00 часот наутро до 19:00 часот навечер.
Во викендите полицискиот час ќе започнува во 15:00 часот во сабота и ќе трае до 05:00 часот во понеделник.
„Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот“, објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.