Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните дека е објавен јавен оглас за прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија.
Идните потенцијални професионални војници за да станат дел од АРМ ќе биде потребно да ги исполнуваат општите и посебните услови наведени во јавниот оглас. Министерството за одбрана ќе продолжи со ангажирање на најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.
Министерството за одбрана упатува повик до сите граѓани не постари од 25 години до денот на завршување на огласот, кои сакаат да придонесат за безбедноста и заштитата на територијален интегритет и суверенитет на Република Македонија да ја искористат можноста и да бидат дел од Армијата на Република Македонија.
Неодамна во редовите на Армијата беа примени 125 професионални војници. Со завршувањето на оваа фаза на прием која започна деновиве, ќе се заокружи и најавениот процес за прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.
Можноста за пријавување на Огласот е до 27.09.2015
Јавниот оглас е објавен на веб страната на Министерството за одбрана на следниов линк:
http://www.morm.gov.mk/?objavuvanje=јавен-оглас-за-прием-на-125-професионалн&lang=mk