Нов надворешен директор на ЈКП Комуналец и признание дека претходно немало ефикасно работење и позитивни промени?!

По оставката на Рубин Абрашоски од функцијата директор во ЈКП Комуналец Прилеп, нов именуван на оваа функција е Љубиша Јованоски.

Јованоски е дипломиран економист по професија, роден 1983 година, а пред него ќе биде тешка задача да го реорганизира работењето на ова јавно претпријатие, кое во изминатите години се соочуваше со финансиски проблеми, доцнење на платите и незадоволство на вработените и од граѓаните.

Јованоски ќе треба да го врати и приматот за најчист град, кој Прилеп го имаше во минатото и важеше за пример во целата држава.

По неговото назначување на директорската позиција како човек кој досега не работел во претпријатието, се поставува прашањето дали во изминатите 4 години доскорешниот директор Абрашоски потфрли во работењето? Дали е ова признание дека не се работело ефикасно, дека хигиената и комуналните услуги беа на незавидно ниво и дека Абрашоски не ги оправда големите очекувања од граѓаните?

Времето ќе покажи дали и каква разлика ќе има, и дали состојбите ќе се променат на подобро за сите граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.